Свет

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица 

Tројца Срби денеска се уапсени на Косово, а српските власти велат дека процесите се политички мотивирани.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека се уапсени три лица од српската заедница за „воени злосторства над цивилното население“.

„Со одлука на обвинителот на Специјалното обвинителство на тројцата уапсени им е одреден притвор до 48 часа“, се наведува во соопштението. 

Сепак, нема податоци за кои воени злосторства се товарат уапсените. Тие се од Северна Митровица и Звечани.

На овие апсења реагираа Српска листа, најголемата партија на Србите во Косово и Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, со оценка дека станува збор за „политички мотивирани апсења“.Директорот на канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ изјави дека добил наредба од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да покрене постапка за свикување итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на Косово. Со месеци има тензии во северно Косово. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons