Пристигнаа конечните резултати од италијанските избори: Мелони има убедливо мнозинство во парламентот

Италијанската крајнодесничарска партија „Браќата на Италија“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во парламентот, покажуваат денеска објавените конечни резултати од парламентарните избори.

Нејзиниот сојузник Матео Салвини од Лигата освои 8,8 отсто од гласовите, додека Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони освои осум отсто од гласовите во Долниот дом на парламентот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Десничарскиот блок освои вкупно 43,8 отсто од гласовите, што значи дека ќе имаат 237 од 400 места во Долниот дом, додека 115 од 200 места во Сенатот, со што ќе добијат убедливо мнозинство.

Левичарската Демократска партија (ДП) освои 19 отсто од гласовите.

Таа партија заедно со помала еколошка партија ќе има 84 места во Претставничкиот дом и 44 во Сенатот.

Движењето 5 ѕвезди освои 15 отсто од гласовите.

Ќе има 52 места во Претставничкиот дом и 28 во Сенатот.

Центристичката алијанса Азионе освои 7,8 отсто од гласовите, со 21 место во Долниот дом и девет во Сенатот.

Останатите места отидоа во рацете на мали партии.

Мелони треба да биде првата жена шеф на италијанската влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons