КОЛЕРА ВО МАРИУПОЛ-ДИЗЕНТЕРИЈАТА МОЖЕ ДА УБИЕ ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ: „Нема вода за пиење, постои висок ризик од инфекција“ 

Мариупол се соочува со критичен недостиг на вода за пиење, изјави денеска Петро Андрушенко, советник на градоначалникот на тој украински град, Вадим Бојченко.

Андрушенко, кој не е во Мариупол, вели дека луѓето треба да се регистрираат за да добијат вода за пиење два дена и тврди дека водата што ја обезбедуваат руските „окупаторски“ власти не е добра за пиење, пренесува Си-Ен-Ен.

Штетата што ја претрпе Мариупол за време на двомесечното воено уништување е толку голема што локалните власти поддржани од Русија мора целосно да ги обноват основните комунални услуги како струја, гас и вода.

“Количината на вода порано беше недоволна, но сега има недостиг. Неопходно е да се регистрирате за да добиете вода за пиење. Ќе има пораст на температурите, пад на нивото на водата и уште полош недостиг”, предупредил Андрушенко, пренесува Си-Ен-Ен.

„Без вриење, таа вода не може да се пие, а освен отворен оган, нема други начини да се вари. Луѓето ја користат таква каква што е, што е дополнителен ризик“, рече Андрушенко, предупредувајќи на можноста од епидемија поради до трупови закопани во плитки гробници низ градот“.

Тој оцени дека е тешко да се предвиди каква епидемија му се заканува на Мариупол, предупредувајќи на опасност од појава на колера или некоја друга вирусна инфекција на гастроинтестиналниот тракт.

„Дизентеријата може да убие десетици илјади. Во Мариупол има недостиг од лекови, лаборатории, вакцини, сè на што сме навикнати“, предупреди Андрушенко, иако нема потврдени извештаи за дизентерија или други болести во Мариупол.ФОТО: EPA/SERGEY KOZLOV

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons