Актуелно

Ковид-19 во пораст, 169 нови случаи, едно лице почина 

Од 13 до 19 март со лабораториски тест потврди се 169 нови случаи на ковид-19 во Македнија, а едно лице на 86 – годишна возраст од Скопје почина како последица на компликации од болеста. Во земјава биле направени 1.409 тестови. Институтот за јавно здравје информира дека заразата е во пораст во однос на претходната недела и тоа за 16,6 проценти.

Во моментов, како што информира Институтот, хоспитализирани се 18 лица, од нив 4 се на кислородна поддршка, а еден пациент е приклучен на респиратор.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во 19 градови, најголем број во Скопје  – 79, a највисока инциденца е регистрирана во Битола – 23,6 на 100 илјади жители.

Најголем број на тестови направиле лица над 60 – годишна возраст, речиси половина од тестовите.  Во текот на минатата недела, пријавени се 49 реинфекции, за 19,5% повеќе во однос на претходната недела.

Инаку, од почетокот на пандемијата во Македонија официјално се регистрирани вкупно 347.492 случаи на ковид-19м и 9.690 смртни случаи. 

Првиот случај на оваа заразна болест во Македонија беше регистриран на 26 февруари.2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons