Промовирана македонската верзија на „Пронајди ме“ 

Денеска се промовира веб-страницата на Системот за рано предупредување за исчезнати деца – najdime.org.mk. Веќе е изработена веб страницата, а целиот систем треба да функционира во соработка со МВР. 

Системот за рано предупредување ќе споделува информации за исчезнатите по претходна потврда на пријавата во МВР, по што ќе се дистрибуираат преку каналите за комуникација на партнерите, бизнисите со кои е остварена соработка: банкомати на банки, дигитални дисплеи во јавниот сообраќаен превоз, комуникациски канали на групацијата за такси превоз, хотелските услуги, велат од здружението Новинари за човекови права кои се носители на овој проект. 

Во меѓувреме тече истрагата за двојното убиство. Откако американската амбасадорка Агелер покажа со прст кон институциите коментирајќи дека носат голем дел од вината за овој случај министерот Спасовски се обиде вината да ја префрли врз како што рече целиот систем, бидејќи според него, МВР постапува но случаите не се процесираат до крај

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons