НајновоСвет

Ердоган планира копнена операција во Сирија 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е можно да започне „копнена операција” во Сирија, еден ден по серијата воздушни напади врз курдските позиции во Сирија и Ирак и неколкуте ракетни напади на турска територија од територијата на Сирија.

„Нема сомнеж дека оваа операција ќе биде исклучиво ограничена на воздушна“, им рече Ердоган на турските новинари кои го придружуваа при враќањето од Катар, каде што учествуваше на отворањето на Светското првенство во фудбал.

Триесет лица загинаа во низа турски воздушни напади вчера во Сирија, кои беа одмазда за терористичкиот напад со шест жртви на 13 ноември во Истанбул. Турција за нападот ги обвини курдските „терористи“.

„Надлежните единици, нашето Министерство за одбрана и нашиот Генералштаб заедно ќе одлучат која сила ќе ја применат нашите копнени сили“, рече турскиот претседател и додаде дека во тек се консултации.

„Веќе предупредивме дека оние што нè вознемируваат на наша територија ќе платат“, рече тој.

Синоќа и утрово ракетни напади од Сирија ја погодија турската граница и турската погранична област. Три лица загинаа, а околу петнаесет се ранети.

Вчера Турција изврши воздушни напади врз објекти на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и единиците за заштита на народот (ЈПГ) во Сирија. Ердоган рече дека во операцијата учествувале 70 авиони и беспилотни летала и дека тие навлегле 140 километри на ирачка територија на север и 20 километри во северна Сирија.

Ердоган рече дека за таа операција не разговарал со американскиот претседател Џозеф Бајден и со рускиот Владимир Путин.

САД ги поддржуваат курдските единици ЈПГ во Сирија кои се борат против екстремистите на Исламската држава, а Русија ги поддржува провладините сириски милиции во истата област.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons