Актуелно

Доколку поминете на зелено, но останете заглавени на крстосница, очекувајте казна

По пуштањето на употреба на системот за евидентирање и санкционирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, во јавноста се отворија повеќе дилеми околу начинот на казнување при заглавувањето на оние семафорски крстосници каде возачите кои свртуваат лево треба да ги пропуштат оние кои одат право, а при чекањето семафорот се затвора и овие првиве остануваат заглавени на крстосницата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во емисија на ТВ21изјави дека заглавувањето среде крстосница ќе се евидентира како посебен прекршок и нема да се води како поминување на црвено, туку како отежнување на движење на крстосница, што се санкционира со казна од 45 евра.

Тој предупреди дека иако граѓаните поминат на зелено, но поради метеж се најдат среде крстосница, тие сепак ќе бидат казнети.

Таквите случаи ќе бидат третирани како прекршок, но не како поминување на црвено, туку како забавување на сообраќајот на крстосница.

– Тој сообраќаен прекршок има друг третман. Нема да има третман поминување на црвено, туку забавување или отежнување на движење во рамки на крстосница, кој е посебно дефиниран, и мислам дека казната беше 45 евра. Значи возачот мора да направи проценка дека сообраќајот ќе се закочи ако помине на зелено светло, и ќе мора да застане. Имаше во тест периодот и такви ситуации, и камерите ве идентификуваат како да сте поминале на црвено, и покрај тоа што сте влегле на зелено. Но, сето тоа го отстранивме, и тој прекршок нема да биде констатиран како поминување на црвено, туку како угушување на крстосница – рече Тошковски.

Исто така, тој додаде дека во Скопје веќе се подготвува активирањето и на „паметен зелен бран“ кој ќе ги опфати сите булевари во градот, со што, според него, протокот на сообраќај ќе се забрза за 30 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons