Околу 2.500 Украинци пристигнале во Македонија, од нив само 600 останале 

Согласно информациите од МВР и МТСП, во Македонија се влезени околу 2.400 лица од Украина но поголем дел од нив ја користеле земјата како транзит, односно 1.480 лица веќе ја напуштиле државата и заминале на нивната крајна дестинација, рече денеска во Утрински брифинг секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

– Бројот на тие кои одлучиле да останат во државата изнесува околу шестотини но тоа не значи дека на сите им треба помош. Регистрацијата на лицата кои пристигнуваат во Македонија се врши во просториите на „Даре Џамбаз“ каде што на бегалците им се овозможува да побараат се` што им е неопходно. Канцелариите за регистрација во работни денови се отворени од 8 до 16 часот, а во саботите се врши дистрибуција на хуманитарна помош и тоа во „Даре Џамбаз“ во Скопје а во другите градови помошта се носи директно до корисниците бидејќи бројките се многу мали, вели Тунева-Пауновска.

Од 600 лица кои останале во државата, помош побарале само 204 лица, останатите имале каде да престојуваат.

– Лице од Украина може да прими секој кој поседува празен стан или куќа и може да се пријави во Црвениот крст каде што живее. Во моментов најголема потреба има за обувки, облека, храна, лекови и хигиена, додава Тунева.

Во моментов сите лица дојдени од Украина имаат тримесечен престој, но во петок на состанок ќе се одлучува за нивниот понатамошен статус.

– Очекувам дека Украинците ќе добијат ист статус како лицата од Босна и Херцеговина кога се случи војната во тој регион и очекуваме дека со посебна одлука на Влада овие лица ќе добиваат бесплатно здравство, образование дури и можност за работа, нагласи секретарот на Црвен крст Сузана Тунева Пауновска.

Можноста за донирање ќе биде продолжена и по 5 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons