Актуелно

Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај

Суспензија и поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина е одлуката на Одделот за внатрешна контрола при МВР за инцидентот во кој две момчиња ви близина на Сарај биле претепани. 

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија за настанот случен на 07.10.2026 за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање на полициски овластувања. Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против шест полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место-суспензија, велат од МВР.

Оттаму велат дека во однос на пријавитте од страна на надлежните обвинителства се издаваат наредби за вештачење по кои се постапува. По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons