Спорт

ВИДЕО: Златен медал за Егоров: Македонија има европски шампион во борење! 

На Европското првенство за сениори во борење кое се одржува во Будимпешта (Унгарија) златен медал освои Владимир Егоров, натурализиран Македонец со руско потекло.

Во големото финале во категоријата до 57 кг. успеа со резултат 8:6 да го совлада Алиабадас Ржазде од Азербејџан.

Во претходните борби нашито натпреварувач во четвртфиналето го елиминираше Германецот Никлас Стехеле со 5:4.

А во полуфиналето со технички туш убедливо со 10:0 триумфираше над Ерменецот Манвел Хндртсјан.

Со бронзени медали во оваа категорија се закитија Хндрстјан и Бека Бујиашвили од Грузија.

https://twitter.com/wrestling/status/1508845796426489862?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508845796426489862%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-zlaten-medal-za-egorov-makedonija-ima-evropski-shampion-vo-borenje%2F

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons