Бузалковски го освои бронзениот медал од Европскиот шампионат за 2025 година
Изминатиот викенд се возеше последната трка од Европскиот Шампионат во Моторциклизам на патеката „СловакиаРинг“ во Словачка каде нашиот ас Христијан Бузалковски зема учевство.
Иако третото место во генералниот пласман беше речиси осигурано на една трка пред крајот на шампионатот Бузалковски не остави ништо на случајност освојувајќи го 5тото место на саботната трка а поради дефект на моторциклот Неделната трка не ја заврши.
„Ја извозевме нашата најдобра сезона до сега! Речиси секоја трка бевме на подиумот на Европскиот шампионат или во борба за истиот! Покажавме дека можеме да се бориме рамо до рамо со европските тимови! Среќен сум што и оваа година го повторивме и подобривме успехот од 2023 и освоивме бронзен медал повторно но овој пат бевме во тесна трка за второто место во генералниот шампионат но поради дефект во неделата не бевме во позиција да се бориме за втората позиција. Нашата цел за следната сезона е јасна и едвај чекаме да почне!“, рече Бузалковски.
Бузалковски оваа година освои рекордни 8 подиуми на ФИМ Европскиот Шампионат од извозени 12 трки.