ONE STOP SHOP НА УШТЕ ТРИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Ќафасан, Блаце и Свети Наум наскоро со операционализиран систем
Системот „One Stop Shop“ наскоро ќе биде операционализиран и на граничните премини Ќафасан, Блаце и Свети Наум, одговори заменик претседателот на Владата Беким Сали, на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли, која побара ставање во функција на системот за заеднички гранични контроли на преминот Блаце Дебар.
Според заменик претседателот на Владата, Сали, одржувањето на добри односи со соседите е една на политиките на владиниот кабинет.
-Владата нема затворено процес кој што долго време беше очекуван за олеснување на движењето на граѓаните меѓу двете соседни земји. Како што е познато, првата фаза од олеснувањето на движењето беше со системот One Stop Shop на Табановце, а за неколку денови со Република Албанија ќе се операционализира делот за движење на граѓаните на Ќафасан, во Блаце и Свети Наум. Оваа Влада сериозно пристапува на оваа тема и одржувањето на добрите односи со соседите е една од нашите политики и програмски определби, одговори Сали.
Пратеничката Арбана Пашоли искажа незадоволство од одговорот заради како што рече непрецизирани рокови и стартот на овој систем на заеднички гранични контроли.



