Македонија убедливо ја победи Србија на „Трофеј Македонија“
Ракометарките на Македонија со убедлива победа над Србија од 29-21 го почнаа настапот на турнирот „Трофеј на Македонија“.
Ова беше деби за новиот селектор на Македонија, Игор Марковиќ. Србија не играше со првиот состав, а тоа го искористи Македонија и дојде до лесна победа.
Натпреварот беше неизвесен во првата половина од првото полувреме, но потоа Македонија почна да се одлепува, на полувремето имавме водство од дури осум разлика, беше 17-9.
Ваквата разлика Македонија ја одржуваше и во вториот дел до конечни 29-21.
Најефикасна во нашата репрезентација беше Сара Ристовска со седум голови, таа беше избрана и за играч на натпреварот. Ангела Јанкуловска и Ива Младеновска постигнаа по пет погодоци. Во составот на Србија најдобра беше Александра Васиќ со седум погодоци.
Следниот натпревар на Македонија е утре (петок) против Црна Гора од 17:30 часот.
Денеска се одигра и мечот меѓу Хрватска и Црна Гора кој заврши нерешено, 20-20.



