EXPRES ЕКСКЛУЗИВНО: Драма се случувала во СДСМ, Ковачевски потпишал оставка!

express.mk пренесува: Пред околу две недели во македонското Собрание на состанок на пратеничката група на СДСМ дошло до политичка драма драма откако премиерот Ковачевски соочен со ставови на своите пратеници се решил да ја прекине својата функција во владата.

Извори кои имаат изворни информации за напнатиот состанок на премиерот Ковачевски со пратеничката група на СДСМ информираат дека напнатата атмосфера кулминирала во моментот кога пратеници на партискиот шеф му укажале дека тој ја нема нивната апсолутна и беспоговорна поддршка за уставните измени.

Ковачевски на состанокот зборувал за важноста од уставни измени со цел влез на бугарите и други заедници во него по што од пратеници добил прашање дали промената на уставот е неопходна и толку итна.

Прашањето било поставено од искусен пратеник кој важи за дисциплиниран партиски војник при спроведување на партиските политики на СДСМ во Собранието, тврдат изворите на expres.mk кои додаваат дека при обраќањето на пратеникот од премиерот било апелирано да не се брза со процедурата за промена на уставот.

Во аргументацијата против брза и по секоја цена промена на уставот на премиерот му било кажано дека меѓу народот има апсолутно противење за влез на Бугарите во вакви околности и дека треба да се причека да се создадат поповолни услови за уште една смена на највисокиот правен акт во Македонија.

Во аргументацијата бил споменат и договорот со Бехтел и Енка при што било наведено дека партијата не може да издржи две големи контроверзни теми за кои во јавноста постои огромен отпор и дека ако се инсистира и на Бехтел СДСМ ќе доживее тотален дебакл на изборите.

Пола работите за себе/за Заев, пола за мене , рекол Ковачевски на средбата по која потпишал документ со оставка која била упатена кон архивата на Собранието по што реагирал спикерот Талат Џафери и таа не била примена во архиварницата.

Подоцна Џафери и Ахмети го разубедиле Ковачевски дека не смее да дава оставка.

Извор: expres.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons