Од јануари 2019 година во Македонија загинале 20 велосипедисти
Велосипедистите од Македонија во многу ситуации се жртви во сообраќајот и незгодите во кои тие се учесници честопати имаат фатален крај.
Нашата земја беше сведок кога во септември и ноември оваа година имаше две тешки несреќи во која животот го загубија двајца велосипедисти.
д јануари 2019 година во Македонија загинале 20 велосипедисти: Возачите не гледаат како пречка!
Велосипедистите од Македонија во многу ситуации се жртви во сообраќајот и незгодите во кои тие се учесници честопати имаат фатален крај.
Нашата земја беше сведок кога во септември и ноември оваа година имаше две тешки несреќи во која животот го загубија двајца велосипедисти.- Advertisements –
„Фокус“ направи статистичка пресметка во однос на тешко повредени и загинати велосипедисти на патиштата низ Македонија, а бројките се загрижувачки. Од јануари 2019 до ноември 2022 година дури 998 велосипедисти биле учесници во сообраќајни незгоди.
Од бројките на МВР, за истиот тој период загинати се 20 велосипедисти, 237 велосипедисти биле тешко повредени, а полесно поминале 696 возачи на велосипед.
„Во периодот од 01.01.2021 година до 31.10.2022 година поради непочитување на сообраќајните правила и прописи односно постапување спротивно одредбите од Законот на безбедност на сообраќајот на патишта, санкционирани се вкупно 517 возачи на велосипеди“, велат од МВР за „Фокус“.
Велосипедистите признаваат дека некогаш не се свесни за опасностите особено кога се движат по автопат, каде е најстрого забрането, а полицијата не секогаш им простува.
Велосипедистот Боро Банишки вели дека овој спорт е мошне ризичен, но апелираше и кон велосипедистите да бидат особено внимателни, затоа што и тие носат дел од вината.
„Велосипедизмот е спорт кој се практикува на отворено и во зависност од програмата по која се тренира, има потреба од широки и мазни патишта со што помалку сообраќај. За жал, такви патишта има се помалку. За побрзо стигнување до тие патишта, честопати групите од велосипедисти излегуваат на автопат каде субјективно се чувствуваме безбедни, бидејќи цела една лента е на располагање“, раскажува тој.
Повеќе на fokus.mk