Експлозии на два руски воени аеродроми, тројца загинати
Три лица загинаа, а шест се повредени денеска на руски аеродром во близина на градот Рјазан, југоисточно од Москва, јавува Ројтерс.
До несреќата дошло откако експлодирал резервоар за гориво, пренесе РИА новости.
Уште две лица се повредени во експлозија на аеродромот во Саратовската област, јавува Би-би-си.
Причините за експлозиите се непознати, а двата аеродроми се стотина километри оддалечени од украинската граница.
Регионалниот гувернер на Саратов рече дека безбедносните сили ги проверуваат, како што рече, „информациите за инцидентот“.
Информациите за експлозии на две различни воени локации поттикнаа шпекулации дека зад нив можеби стои Украина, вели уредникот на Би-би-си Москва Стивен Розенберг.