Србија собори дрон над касарната во Рашка
Над касарната во Рашка, српската војска собори дрон, јавуваат тамошните медиуми.
Дронот е соборен со примена на мерки за електронско заглавување, во непосредна близина на воените објекти во гарнизонот Рашка.
Српските вооружени сили ќе продолжат, согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховниот командант, да ги соборуваат сите беспилотни летала пронајдени во зоната на забранети летови и во близина на воените објекти, објави српски Курир.
Србија најави дека ако пак се појават дронови, тие ќе ги соборат. Српските власти рекоа дека се работело за косовски дронови.