(ФОТО) Во турски град зграда ги „проголта“ автомобилите

Зграда во Турција ги „голтна“ автомобилите при силниот земјотрес кој минатата недела ја погоди државата. Фотографии од овој несекојдневен настан се појавија на социјалните мрежи. 

Ова се случи во градот Адијаман, еден од најтешко погодените од разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени. Шансите за преживување при ваков вид уривање на згради се минимални, пишува Дојче веле.

„Висококатниците со вакво уништување се веројатно стари и имаат мека конструкција“, вели Мехди Кашани, вонреден професор по градежништво и инженерска сеизмологија на британскиот универзитет во Саутемптон.

Најмалку 36.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија при силниот земјотрес. Цели семејства настрадаа во непогодата. 

Претседателот на Комората на геолошки инженери, Хусеин Алан вели дека силен земјотрес може да го погоди Истанбул. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons