Актуелно

На 15 октомври стартува грејната сезона 

ЕСМ Снабдување со топлина во пресрет на новата грејна сезона 2022/2023 која почнува на 15 октомври преку соопштение ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона.

Од ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје како вршител на енергетска дејност, со цел обезбедување на јавна услуга снабдување со топлинска енергија во следниот период, апелираат потрошувачите и заедниците на сопственици да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона.

„За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување. Истовремено, Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија“,
посочуваат од ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons