Клубот „Цар Борис Трети“ оспорен пред Уставен суд 

Адвокатот Тони Менкиноски поднесе иницијатива до Уставниот суд кој ќе треба да оцени дали програмата за работа и статутот на здружението “Цар Борис Трети” од Охрид се во согласност со уставниот поредок на земјата.

„Неспорно може да се утврди оти програмата и статутот на здружението се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија и разгорување на национална и верска нетрпеливост“,се вели во иницијативата.

Менкиноски тврди дека соработката со Борис Трети со Адолф Хитлер е историски факт и дека монархот е поврзан со депортацијата на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија во текот на Втората светска војна, извршена од страна на Бугарија.

Се наведува дека на чело со цар Борис Трети донесен е акт за промена на македонската националност во бугарска. Во прилог на барањето се додава и праксата на Европскиот суд за човекови права која покажала многубројни случаи во кои негирањето на фашизмот и Холокаустот поттикнуваат омраза и нетолеранција. 

Менкиноски е правен застапник на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons