МакедонијаНајново

Маж загина во сообраќајка кај клучката Хиподром

Педесет и шестгодишен маж од скопското село Јурумлери синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот „Пријателство“, во близина на клучката Хиподром.

Во несреќата повредена е и 41-годишна жена од Виница.

Според информациите од МВР, несреќата се случил помеѓу „ауди“, со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Виница и „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(56) од с.Јурумлери, скопско.

На местото на несреќата починал З.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека А.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons