Свет

„Русија започна нов вид хибридна светска војна“ – обвинува Макрон

Според францускиот претседател, кој е на африканска турнеја во исто време со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Русија започнала нов вид хибридна светска војна.

„Одлучи дека информациите, енергијата и храната се воени инструменти ставени во служба на континенталната империјалистичка војна против Украина“, рече Макрон.

Според него, Русите се тие кои создаваат нерамнотежа и покрај сите дипломатски турнеи и дезинформации кои ги шират низ светот, а Русија е една од земјите кои најмногу користат пропагандни инструменти, особено преку Русија денес и телевизијата Спутник.

Ја осуди уцената на Москва за храна

Тој повторно ја осуди уцената на Москва за храна за блокирање на житото во Украина, како и енергијата за Европејците.

„Мислам дека е мудро Европејците да не се изложуваат на овие стратегии бидејќи тоа е еден од елементите на оваа хибридна војна“, додаде тој.

Емануел Макрон веќе ја критикуваше Москва еден ден претходно, за време на неговата посета на Камерун. Во исто време, Сергеј Лавров во Уганда изјави дека Русија не е одговорна за енергетската и прехранбената криза, осудувајќи ја кампањата што се води околу неа.

Фото: ЕПА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons