Tри физички лица и едно правно се обвинети за пожарот во модуларната болница во Тетово

Обвинителен предлог има против три физички лица и едно правно за пожарот во модуларната болница во Тетово која се случи на 8 септември лани и однесе 14 жртви. 

Тешки дела против општата сигурност е кривичното дело за кое се товарат прво и второобвинетиот во Предлогот на тетовското Обвинителство, а непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е делото што му е припишано на третообвинетиот. 

Две кривични дела се однесуваат за правното лице – предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Вештачење за причините на пожарот спроведоа и експерти од Германија.

Министерството за внатрешни работи (МВР) изготви извештај кој го објави по околу еден месец од трагичниот настан во кој се тврдеше дека пожарот настанал како последица од спој преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилаторот со кој се вршела реанимација на еден од пациентите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons