МакедонијаНајново

Се испразнија судовите – 50 судии и обвинители заминаа во пензија 

Дел од обвинителите и судиите го исполнуваат условот за во пензија, но поради функциите коишто ги имаат во моментов, остануваат работно ангажирани до крај на мандатот, како на пример Јован Илиевски и Добрила Кацарска.

Судовите и обвинителствата во Северна Македонија од петокот се покуси за 50-тина судии и обвинители, коишто мораа да заминат во пензија поради наполнети 64 години, откако не поминаа законските изменисо кои требаше да им се пролонгира работниот ангажман за уште три години. Советот на јавни обвинители и Судскиот совет на седници ја констатираа листата на обвинители и судии на коишто им престанува работниот однос. На неа се најдоа 40 судии и десетина обвинители од Скопје, но и од внатрешноста на земјата, со што сериозно се доведува во прашање работењето на одредени судови, а некои од нив ќе мораат да стават и клуч на врата.  

Советот на јавните обвинители донесе одлуки за престанок на работниот однос на јавните обвинители: Мери Тромбева, јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Елизабета Ристеска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Сулејман Алијевски, јавен обвинител во Битола, Снежана Зафирова, јавен обвинител во Кочани, Елица Илиевска, јавен обвинител во Скопје, Гордана Смаќоска, јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Жулиета Карова Бошевска, јавен обвинител во Битола, Милка Спиркоска, јавен обвинител на Прилеп, Имран Османи, јавен обвинител во Скопје. На листата на матичното обвинителство се најде и обвинителот Јован Илиевски, но тој во моментов е судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур и на оваа фунција ќе остане сѐ до завршувањето на мандатот.  

За пополнување на испразнетите местадонесена е одлука за назначување на јавниот обвинител Пецо Везироски за ВД јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола и на  јавниот обвинител Марјана Илиеска за ВД јавен обвинител на обвинителството во Прилеп. 

Испразнети судови 

Судскиот совет во тензична атмосфера во петокот ја констатираше листата на нивни колеги коишто ги исполнуваат условите за да заминат во пензија. „Еден од членовите го изнесе својот став дека судиите не треба да одат во пензија, а дел од членовите не присуствуваа воопшто на седницата, поради лична засегнатост од одлуката за пензионирање“, вели претседателката на Судскиот совет за ДВ, Павлина Црвенковска.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons