Асоцијација на земјоделци: Македонија лесно може да стане независна од увоз на пченица од странство 

Асоцијацијата на земјоделци ќе побара дополнителни субвенции од владата пред почетокот на есенската сеидба на пченицата доколку се задржи актуелниот тренд на зголемување на цените на репроматеријалите и на нафтата. 

Убедени се дека со нив, како и со примена на правилна земјоделска политика Македонија со тек на време може да обезбеди доволно количество на домашно производство, и да стане независна од странскиот увоз.

„Ако ние произведуваме 250 милиони килограми пченица, а потребни ни се 310 милиони килограми , сигурен сум дека таа разлика од 60 милиони килограми не е тешко да се надокнади. На наша страна се и фактите декa имаме исклучително квалитетна земја, местоположба и голем број сончеви денови’’, вели за „Локално“, Петар Стојковски – претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Како круцијален го посочува фактот дека овие средства мора да им бидат дадени пред почетокот на сеидбата , бидејќи во спротивно, земјоделците нема да имаат пари за да ги посеат површините. 

Според нив, измени мора да има и во кооперантските односи меѓу производителот на пченица и производителот на брашно и производителот на леб.Неодржлива е вели Стојковски сегашната ситуација во која откуппувачите и трговците со пченица го добиваат финалниот производ без претходно да вложат ниту еден денар во авансирањето на вештачкото ѓубриво и нафтата.

Актуелната светска криза на недостиг на зрнести култури, како никогаш досега го свртеа погледот на македонската јавност кон домашното производство. Има ли воопшто придвижување во оваа сфера и каде според Вас се регистрираат најголемите проблеми?

-Жетвата на јачменот е веќе започната.Задоволува приносот што се дава по хектар површина и би било добро да остане ситуацијата каква што е сега. Се уште не е започната жетвата на пченица,и се надеваме дека тоа ќе се случи во следните неколку дена. Она што сега не интересира е цената на јачменот.Таа се движи од 17 до 18 денари и во однос на приносот задоволува.Се уште не е утврдена цената на пченицата, а нашиот предлог е таа да биде од 20-22 денари.Мелничарите, преработувачите на брашно и производителите на леб оваа цена треба да ја прифатат бидејќи е реална споредбено со цената на самиот леб. Ние како производители на пченица треба јасно да посочиме една работа.Минатата година се соочивме со ситуација кога иако пченицата се уште не беше дооткупена , се зголеми цената на лебот.Во тој период пченицата се откупуваше за износ од 10 денари. Упатувам апел до откупувачите и на производителите на леб да не се однесуваат несериозно кон нас, производителите на пченица бидејќи за тие да можат да произведат брашно или пак леб, треба да добијат производ од нас (пченица).Тоа значи дека тие кооперантски односи помеѓу откупувачите и производителите , преработувачите на брашно и преработувачите на леб треба да бидат на многу повисоко ниво.Меѓусебните релации не се доволно запазени и слободно можам да кажам дека сакаме да “се начекаме’’едни со други. Досегашната ситуација мора да прекине и овие кооперантски односи да се издигнат на многу повисоко ниво бидејќи доколку ние зависиме од производството на пченица, тогш тие зависат од нашето производство. Тоа е она што е особено важно за односот меѓу производителот на пченица и производителот на брашно и производителот на леб.Ако ние сакаме да произведуваме пченица, секако дека ни е целта да заработиме одредени финансиски средства, и сигурно дека благодарејќи на нашата заработувачка ( од суровината којашто ние сме ја произвеле) финансиска добивка имаат и мелничарите, како и преработувачите на леб.Време е ова конечно да го сфатат производителите на брашно и на леб.

Дали стравувате дека ваквиот однос од страна на производителите на брашно и производителите на леб ќе се повтори и оваа година, од страна на производителите на брашно и на леб?

-Инајќи го предвид искуството од претходните години за време на жетва, ние се сомневаме во намерите на откупувачите и трговците на пченица.Ние произведуваме пченица за да ја продадеме на мелничарот. Тој треба да не авансира и тогаш ќе можеме да зборуваме за сериозен однос меѓу произведувач и преработувач на брашно.Треба да не авансира со вештачко ѓубриво и со нафта. Во сегашнава ситуација сите трошоци се на наш товар, и на крајот преработувачите ја земаат пченицата како финален производ без претходно да вложат ниту еден денар во производот.

Имајќи ја предвид актуелната светска криза со недоволни количини на житни култури, Владата предвиде дополнителни мерки за помош за домашните производители. Дали и колку тие беа доволни?

-Добивме дополнителни субвенции за пченица, јачмен, сончоглед и за пченка. Ова е добар чекор, меѓутоа треба да се размислува дека доколу остане актуелниот тренд на зголемување на цените не репроматеријалите и на нафтата, ќе бидеме принудени да побараме дополнителни средства за есенската сеидба.

Анализите покажуваат дека досегашното производство на пченица не ги задоволува во потполност домашните потреби. Дали сепак , со со ваквите дополнителни мерки на помош ќе дојде до измена на ситуацијата?

-Доволни количества количества на пченица не можеме да обезбедиме ни со моменталните мерки на Владата со дополнителни субвенции.Сепак, моја проценка е дека со помош на нови, дополнителните мерки за зголмени субвенции ќе успееме да дојдеме до ниво Македонија да биде независна од увоз на пченица.Ако ние произведуваме 250 милиони килограми пченица, а потребни ни се 310 милиони килограми пченица, таа разлика од 60 милиони килограми не е тешко да се надокнади. На наша страна се и фактите дек имаме исклучително квалитетна земја, местоположба и голем број сончеви денови. Оттука,жално е доколку не спроведеме политика која треба да обезбеди домашно производство во доволни количини. Убеден сум дека имајќи ги предвид факторите кои предмалку ги споменав , Македонија ќе може да обезбеди најквалитетна производство на пченица, пченка и сите останати земјоделски производи.

Какви се вашите проценки, кога Македонија би можела да стане целосно независна од увоз на пченица, обезбедуваќи доволни количества на домашно производство?

-Апсолутно сум убеден дека можеме да дојдеме до ова ниво, можеби не за 24 часа но со тек на време. Секако, ова не теба да значи дека целата ситуација во земјоделството треба да се сведе на следното ветување:“Посадете пченица и ќе добиете дополнителни субвенции“.Тоа не смее да се случи. Дополнителните субвенции мора да ги добиеме пред почетокот на есенската сеидба бидејќи во спротивно нема да имаме пари за да посееме , а со тоа и да добиеме дополнително производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons