Свет

Бугарите му одговорија со ДА на Макрон за предлогот 

Бугарија веќе потврди дека го прифаќа францускиот предлог. 

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека нивниот предлог одговара на чувствителноста на двете страни.

„Претседателот и премиерот на Бугарија веќе ми потврдија дека го поддржуваат францускиот предлог. Неговото усвојување треба да напредува во наредните часови или денови од разговорите во Скопје. Оваа одлука на сите им носи сигурност, предвидливост и гаранција за надминување на разликите од минатото, што е карактеристика на европскиот дух“, вели Макрон.

Во Македонија ќе има консултации за модифицираниот предлог. Претходно, во првичната форма, Македонија го одби францускиот предлог.  Повеќе европски лидери сега повикаа Македонија да го прифати предлогот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons