Магазин

Старлета и водителка земале по 200 евра за еден час секс: Голема акција на српската полиција, разбиена група за проституција

По неколкумесечна истрага поради сомневање дека се вмешани во подведување девојки, српската полиција уапсила пет макроа во Белград. Тие се обвинети дека ангажирале најмалку седум девојки, меѓу кои и една позната старлета, како и водителка од локална телевизија, дознава „Ало.рс“.

Р.М.(43), С.Т.Ј.(43), С.Д.(33), Г.С.(59) и Ѓ. А.(25) се обвинети дека од јануари до средината на јуни издавале станови на територијата на градот, во кои, наводно, со проституција се занимавале девојките кои претходно тие ги регрутирале. Тие организирале рекламирање за проституција преку интернет сајтови, а потоа однеле најмалку седум девојки на адресите каде што се среќавале со клиентите. Парите стекнати на тој начин осомничените ги делеле во зависност од задачите. Еден час сексуални услуги со девојки чинел од 150 до 200 евра.

Како што пишува весникот, дека се работи за добро организирана екипа говори и фактот што апсењето се случило дури по неколкумесечна предистражна постапка.

Осомничените ги рекламирале девојките на интернет порталот „cityoflove“, наменет за промоција на давање сексуални услуги, со објавување и ажурирање огласи со фотографии и огласени телефонски броеви на ангажираните девојки. Инаку, на тој сајт има околу 673 девојки кои се огласуваат дека работат во Белград, но повеќето имаат странски броеви – објаснува за „Ало“ извор близок до истрагата.

Според изворот, следејќи ја оваа група, истражителите откриле дека осомничените ги возеле девојките на состаноци со муштерии, чекале да завршат, а потоа со клиентите проверувале колку се задоволни од услугата.

Освен што посредувале во проституција, приведените имале обврска да им изнајмат стан на девојките, да ги возат низ градот и да ја проверуваат секоја соба во која давале сексуални услуги.

Понатамошното набљудување го открило комплетниот начин на работа и било утврдено дека девојките доброволно влегле во бизнисот со проституција. Обврската на осомничените макроа била да им изнајмат стан на овие девојки, да гарантираат сигурност со тоа што претходно ќе ја проверат просторијата во која давала услуги и ќе ги договорат деталите со клиентот. Заработените пари се делеле во износ од 60 до 40 отсто во корист на девојките – вели изворот.

Апсењето е изведено откако полицијата собрала доволно докази против групата. Макроата ќе одговараат кривично, а девојките прекршочно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons