Сонце, облаци и слаб дожд денеска
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне наместа се очекува слаб локален дожд, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец.



