Матка, на врвот на туристичката листа
Матка, на врвот на туристичката листа
На само 30 минути возење од акустичната загаденост на главниот град се наоѓа еден од бисерите на нашата природа, Кањонот Матка. Се наоѓа на врвот на листата на туристички места – омилени за посетителите кои ја истражуваат земјата.
„Кањонот Матка е една од најголемите атракции за туристите кои го посетуваат градот Скопје или Македонија. Една од најатрактивните услуги што се нуди овде на кањонот Матка за туристите е пловењето. За да ги видите доживувањата на туристите и да прошетате со кајак за да ги видите убавините на Матка, следете го прилогот и ќе бидете воодушевени“, рапортира новинарка на Алсат, Еви Шкопи.
Бајрам Сулејмани со капетанската капа веќе 15 години им нуди на туристите 4 километри пловење низ кањонот. За 30 минути посетителите од земјава но и од странство, имаат можност да уживаат во природата недопрена од човекот и во богатството со риби. Тој вели дека најмногу посетители има за време на викенд.
„Воодушевени, остануваат без зборови. Повеќето не очекуваат да видат ваква убавина. Најголемата длабочина во кањонот е околу 25 метри. Како што патувате така се намалува на 15, 10 метри. Постојат неколку видови риби. Постојат неколку видови на пастрмка. Богат е со многу видови риби, до 12 степени е константно“, рече Бајрам Сулејмани-капитен на кајак.
Но, вели дека туристите покрај убавината на природата ја забележуваат и негрижата на институциите или негрижата на дел од граѓаните.
“Патот е катастрофа. Потоа, недостигаат информации или знаци за да ги водат каде се. Ако доаѓате од Скопје ретко гледате знаци за да дојдете на ова место, или пак ако доаѓате од Тетово многу тешко се наоѓате. Потоа, чистота. Се гледа ѓубре се фрла насекаде. Не можеме целата вина да ја префрлиме на државата, бидејќи има луѓе кои фрлаат ѓубре насекаде. Масите беа поставувави неколку пати, но беа кршени и фрлани во вода.“, додаде Бајрам Сулејмани-капитен на чамец.
Тој вели дека друг недостаток е тоа што на овој простор нема определени лица од државата кои треба да ги следат туристите во случај некој од нив да падне во вода или да се повреди. Тој додава дека имало случаи кога и самите пливале длабоко во кањонот за да спасат постари лица кои паднале во водата./Alsat.mk