Детектор: 80% од граѓаните гледаат корупција во јавните набави

Близу 80% од граѓаните сметаат дека има корупција во јавните набавки и дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат исклучиво од личниот интерес. Вакви податоци дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 79,5% од анкетираните сметаат дека има корупција во спроведувањето на јавните набавки додека само 9,5% не гледаат корупција во овој процес.

Во споредба со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, денеска уште поголем број граѓани сметаат дека има корупција во јавните набавки.

Ако во 2019, 66,4% сметале дека има корупција во јавните набавки денеска оваа бројка се зголемила за 13 поени на 79,5% граѓани кои се убедени дека постапките за јавни набавки ги следи корупција.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01  до 04 февруари оваа година

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons