МагазинНајново

Топло време и денеска, утрово може да ни требаат чадори

Денеска наутро се очекуваат врнежи од дожд, а во текот на денот времето ќе се разведри, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој во западните делови ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Во Скопје утрово ќе има услови за дожд, а потоа времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на викендот и на почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Од понеделник до средината на работната седмица, под влијание на студен воздушен бран, температурите ќе бидат во опаѓање, а на некои места се очекува да се спуштат и под нулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons