Крај за рампите на патарините во Македонија? Се подготвува електронска наплата според поминатите километри
Автопатите во Македонија би можеле да добијат електронска наплата без физички патарини, со систем во кој возилата ќе поминуваат без запирање, а патарината ќе се пресметува според изминатите километри.
Министерот за транспорт Николоски најави дека законските измени се во напредна фаза и дека нивната презентација се очекува во текот на декември.
За подготовка на законот ќе бидат вклучени и експерти од Европската транспортна заедница, со цел да се искористат искуствата од поразвиените европски држави.
Според него, новиот систем би бил поправеден за возачите бидејќи ќе се плаќа само за реално поминатото растојание, наместо како досега, со фиксна цена на наплатните рампи.



