Актуелно

Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци се уште присутни на самото место

На пожарот, настанат вчера во период од 17:20 до 20:20 часот, било интеренирано со седум противпожарни возила и 23 пожарникари на запалени објекти – куќи на Бит-пазар, поточно на улицата Никола Мартиновски број 33, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.

– Материјалната штета е неутврдена и нема повредени лица. На местото на настанот и понатаму се присутни дежурни полициски службеници од Полициската станица – Бит-пазар – се додава во соопштението на ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons