Мерцедес ја завери тимската титула во Формула 1
Откако минатата недела Кими Антонели стана шампион, денеска е заверена титулата и во конструктори со што Мерцедес го комплетираше успехот оваа сезона.
На трката за Големата награда на Сао Паоло во Бразил, се случуваа многу возбудувања, а главен дирегент беше времето. Трката почна на влажна патека поради дожд, па по извесно време се исуши патеката, но брзо пак заврна. Возачите возеа во различни услови, па мораа да се прилагодуваат во од.
Одлична трка извозе Норис кој беше победникот, второто место му припадна на Ферстапен, а место на подиумот имаше и за Хаџар.
Возачите на Мерцедес беа следни, Расел го освои четвртото место, а Антонели петтото. Во топ десет завршија уште Пјастри, Леклер, Лоусон, Хамилтон и Хулкенберг.
Со оваа трка возачите на Мерцедес ја заверија и титулата за конструктори. Првпат по пет години.



