Столе Димитриевски влезе во „дуел“ со Мбапе и Белингем (ВИДЕО)
Столе Димитриевски имаше бурна вечер на „Местаља“ во поразот на Валенсија од Реал Мадрид (0-3) во Ла Лига.
Македонскиот репрезентативец имаше неколку жестоки моменти со противничките фудбалери, меѓу кои и Килијан Мбапе и Џуд Белингам.
Иако трипати ја вадеше топката од својата мрежа, чуварот на мрежата на Валенсија со неколку интервенции покажа квалитет и спречи гостите да стигнат до уште поубедлива победа. Особено се истакна во вториот дел, кога ги запре обидите на двете големи ѕвезди на „кралевите“.
Македонецот влезе во расправија со Мбапе, по што следуваше и физички контакт, односно туркање на францускиот напаѓач. Неговиот потег предизвика реакција кај фудбалерите на Реал, а во текот на средбата голманот имаше и вербален дуел со Белингем.



