Студот допрва зема замав – Ќе се спасиме од дождот, па нова промена на времето
Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно, со можност за слаб локален дожд во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 8 до 15 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.
До недела се очекува стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а во одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
На почетокот на следната седмица се очекуваат услови за слаб локален дожд.



