На пет склучени нови бракови, еден развод – поразителна статистика за Македонија
Минатата година во Македонија биле регистрирани 2.185 разводи, што претставува зголемување од осум проценти во однос на претходната година.
Во истиот период биле склучени 10.507 бракови, односно 5,1 процент помалку отколку во 2024 година.
Според податоците, на секои 100 склучени бракови биле регистрирани речиси 21 развод, што укажува на продолжување на трендот на раст на разводите и намалување на бројот на нови брачни заедници.
Иако официјалната статистика не ги наведува причините за разводите, социолозите и експертите овој општествен феномен гледаат низ повеќе призми, а причините за разидување помеѓу брачните партнери варираат од економски до непремостливи бариери во личните односи.
Скопје Инфо минатиот месец во интервју со професорката од Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, Ирена Авировиќ Бундалевска разговараше токму за овие прашања.



