Температурите утрово се разликуваат и до 10 степени од град до град – УХМР најавува „потоп”
УХМР ги измери утринските температури низ Македонија, а мерењата покажаа дека не чека студен ден. Според синптичарите, денеска, петок, 30.10.2026 година, најстудено е на Попова Шапка каде се измерени само 3 степени, по што следи Лазарополе со 4 и Крушево со 5 степени.
УХМР во седум часот утрово измери 11 степени во Скопје, со што главниот град е еден од потоплите денеска.
Како и секој ден, така и денеска, Гевгелија е рекордер по највисоката утринска температура. Измерени се 14 степени.
Денеска нè очекува променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд. Во утринските часови, во одделни котлини можна е појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, со можност за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 10 до 15 степени.
Променливото време ќе продолжи и во наредните денови, со повремени врнежи од дожд со различен интензитет. Според прогнозата, пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Утринска магла и понатаму е можна во одделни котлини, додека ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од северен правец.



