Спорт

Мухова-Носкова: Чешко финале на женскиот турнир на Вимблдон

Носкова во вториот сет поведе со 3:1, а Костјук веднаш израмни на 3:3, но завршницата повторно ѝ припадна на чешката тенисерка, која в сабота ќе го игра своето прво грен слем финале во кариерата.

Чешката 21-годишна тенисерка Линда Носкова вечерва во полуфиналето на женскиот турнир во Вимблдон ја совлада Украинката Марта Костјук со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) и во саботното финале на лондонскиот грен слем ќе игра против осум години повозрасната сонародничка Каролина Мухова.

Второто полуфинале на Вимблдон во женска конкуренција траеше еден час и 19 минути.

Првиот сет беше израмнет до водство на Носкова од 5:4 во гемови кога чешката тенисерка направи бреј и поведе со 1:0 во сетови.

Носкова во вториот сет поведе со 3:1, а Костјук веднаш израмни на 3:3, но завршницата повторно ѝ припадна на чешката тенисерка, која в сабота ќе го игра своето прво грен слем финале во кариерата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons