Актуелно

Земјотрес ја стресе Македонија – Сеизмолошката опсерваторија со детали

Земјотрес со локална магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 00:06 часот е регистриран во тетовско-гостиварското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци, потресот бил почувствуван во Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

-Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons