„Пекол” од рано наутро – УХМР ги измери температурите во осум часот, следува пресврт со времето
УХМР ги објави температурите во осум часот, во градовите низ Македонија. Мерните станицаи покажаа дека ова утро најтопло е во Кавадарци каде се измерени 26 степени, Велес и Виница со 25, како и Скопје, Гевгелија и Демир Капија со 24.
Најниска утринска температура е измерена на Попова Шапка, 19 степени.
Топлото време продолжува и денеска, со температури до 39 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекуваат температури од 21 до 38 степени.
Од утре попладне, под влијание на циклонска активност, се најавува промена на времето со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни невреме, пороен дожд, град и силни електрични празнења. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува над 50 километри на час.



