Македонија

Шеснаесет возачи, без дозвола и под дејство на алкохол, лишени од слобода за едно деноноќие

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 16 возачи на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Од приведените, 14 управувале возила без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници, додека две лица биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол.

Според податоците на МВР, најмногу случаи биле регистрирани во Гостивар, каде што четири лица, меѓу кои и еден малолетник, возеле без возачка дозвола. Во Штип биле приведени три лица, од кои едно истовремено било и под дејство на алкохол.

Во Тетово биле затекнати две лица без возачка дозвола, меѓу нив и еден малолетник, додека во Скопје биле приведени уште две лица по истиот основ.

По едно лице без возачка дозвола било регистрирано во Кочани, Прилеп и Дебар. Дополнително, по едно лице во Виница и Гостивар управувале возило под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Воедно, Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons