Електродистрибуција ќе има обврска да ги чита струјомерите 4 пати годишно 

Кај Народниот правобранител стигнале многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. За овој проблем, на заедничка маса седнале народниот правобанител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, а разултат на нивната соработка, како што беше кажано на прес конференцијата, е нов правилник според кој Електродистрибуција мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите. Според сегашната регулатива, тоа има обврска да го прави еднаш годишно.

– Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случи , на примеr, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари, доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании – рече Бислимоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons