Исекле 261 даб на „Национални шуми“ без дозвола
СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(43) и Д.Н.(69), двајцата од село Ракитец, општина Конче, за „пустошење на шума“.
– На 16.04.2026 околу 14:30 часот, на место викано „Горици“ во атар на с.Ракитец без одобрение од надлежен орган од катастарска парцела сопственост на Јавното претпроијатие „Национални шуми – Шумско стопанска единица „Смрдешник“ извршиле бесправна сеча на 261 стебло дабово дрво, објави полицијата.
Со извршеното дело тие нанеле штета на ЈП „Национални шуми“ во вкупен износ од 304.920 денари.



