НајновоПолитика

Манасиевски: Прво уставни измени, потоа редефинирање на историјата и идентитетот, до таму е спремен да оди специјалниот пратеник на Радев, Венко Филипче

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, 

Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот.

До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче.

Филипче е на иста линија со Виктор Стојанов од фондацијата “Македонија”, која дејствува во Македонија ширејќи говор на омраза кон Македонците, негирање на македонскиот идентитет и претставување на македонската историја како бугарска.

Филипче е на иста линија и со бугарската министерка на Радев, Петрова Чамова. Како што можеме да видиме на фотографиите зад мене и двајцата велат дека преговараме со ЕУ, а не со Бугарија. Но, проблемот е во тоа што само Бугарија поради свои интереси ја кочи и ветоизира Македонија на полето на евроинтегративниот процес.

За таа цел, бугарските власти ги најдоа меките ткива во политиката во Македонија, како Зоран Заев, Димитар Ковачевски Ковачевски а сега и Венко Филипче, кои слугуваат на туѓи интереси на штета на сопствените – македонските.

Иако граѓаните им одржаа лекција, ги казнија на 4 последователни избори, токму поради нивните антидржавни политики, на Филипче и на СДС не им доаѓа памет и продолжуваат со истата поданичка политика мислејќи дека така ќе дојдат на власт.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на историските ликови кои твореле, кои го описмениле регионот и кои се бореле за да создадат македонска држава. Македонија има своја историја, свој идентитет и свој македонски јазик. Се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема да дозволиме погазување на нашето достоинство.


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=hiZbygcTD6k

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons