Трудовиот инспекторат утврди дека избрканите од „Комунална“ незаконски биле отпуштени 

Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, утврдил дека тие биле отпуштени незаконски.

Како што информираа од Сојузот на синдикатите, инспекторатот налага да се поништат отказите.

„Донесена е Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор“, велат од синдикатот.

Синдикатите очекуваат Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе ја одржи денес, постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците, да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места.

СУТКОЗ и ССМ изминатиот период укажуваа дека раководството на Комумална хигиена Скопје треба да го почитува законот и колективните договори и дека постапките кои се преземаат се ништо друго туку реваншизам кон работниците за нивната синдикална борба. Се апелира на дијалог.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons