МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Уставните измени не се последниот услов, Бугарија има пошироки барања кон Македонија, а Филипче е спремен да ги поддржи

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен Радев дека уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија е токму специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче.

Премиерот на Бугарија, Румен Радев излегува во јавноста и вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари, дејци како браќата Миладиновци исто така дека се Бугари, како и основоположниците на словенската писменост Кирил и Методиј, како Климент и Наум Охридски дека се дел од бугарската историја, осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија Венко Филипче нема.

Румен Радев вели дека македонскиот јазик постои од 1945 година, Филипче не осудува. Румен Радев вели дека македонскиот идентитет постои од 1945 година, Филипче не осудува. Радев вели дека пред 1945 година сме биле Бугари, Филипче не осудува. Македонската историја надалеку позната и прочуена како бугарска, Румен Радев ја претставува како бугарска, а Филипче не осудува.

Почитувани граѓани, Зошто ова што го говориме е многу важно? Затоа што вие имате право да знаете какви отстапки би следеле понатаму доколку СДС и Филипче повторно добијат можност да одлучуваат за државните позиции.

Од авион се гледа дека Бугарија има пошироки барања кон Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство, а не само за внесување на неколку илјади Бугари во Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт.


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=sTNVR3i0idU

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons