Спорт

УЕФА ја менува Лигата на нации, ќе наликува на Лига на шампиони

Европската куќа на фудбалот денеска објави промени на системот во Лигата на нации кои ќе започнат од сезоната 2028/29.

Наместо сегашниот модел од четири лиги со по четири групи, во новиот формат ќе има три лиги со по 18 репрезентации.

Секоја лига би имала по три групи со по шест селекции и секоја репрезентација ќе одигра шест натпревари со пет различни противници. Дома или гости со четири противници од различни шешири и дома и гости (два натпревари) со противник од ист шешир. Исклучок ќе биде Лигата Ц каде што една група ќе брои седум репрезентации. Завршниот турнир нема да се менува.

Системот ќе биде поделен во две нивоа и во Лига 1 ќе играат 36 репрезентации од Лига А и Б каде што во овој момент е Македонија, додека во Лига 2 ќе се сместат останатите селекции. Лига 1 ќе се подели во три групи по 12 репрезентации и секоја ќе одигра шест натпревари со шест различни екипи, нешто слично како сегашниот формат на европските натпреварувања.

Лига 2 ќе функционира како и Лигата Ц во Лигата на Нации со групи од по шест селекции и една со седум. Исто така од УЕФА потврдија и дека домаќините иако ќе имаат место на Европското првенство, ќе играат во квалификациите поради одредувањето на пласманот за следото издание на Лигата на Нации.

Репрезентациите кои ќе бидат најдобри во Лига на нации директно ќе одат на Европското првенство, додека преостанатите ќе одат во плејоф каде што ќе дојдат и селекциите од понизок ранг.

УЕФА потенцираше и дека целиот систем ќе биде доработен на следниот состанок на Извршниот одбор во септември кога би требало да бидат објавени и останатите детали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons