Инцидент во Чаир: Специјалци ги спасуваа фудбалерите на Шкендија од навивачите (Видео)

Голем инцидент на дуелот помеѓу Шкупи и Шкендија во четвртфиналето од Купот на Македонија, популарните „Шверцери” ги нападнаа гостинските фудбалери па мораше да интервенираат припадниците на специјалната единица.

Дербито помеѓу Шкупи и Шкендија во Купот на Македонија траеше само десетина минути, откако гостите поведоа со 0-1, се случи голем инцидент.

Стрелецот Дашмир Елези се радуваше пред навивачите на Шкупи, кои тоа го сфатија како провокација па дојде до вистински хаос. Популарните „Шверцери“ влегоа на теренот и тргнаа да се пресметаат со гoстинските играчи, а фрлаа и тврди предмети и пиротехника.

Веднаш реагираа припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) кои спречија поголем инцидент и ги штитеа фудбалерите на Шкендија на патот кон соблекувалните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons