Актуелно

Пет кандидати аплицирале за шеф на Вишото јавно обвинителство

Според информации на ТВ21, пет кандидати поднеле апликации за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство. Станува збор за Артан Ајро, Фатиме Фетаи, Енџелуше Кадриу Леши, Теута Бедиу Рамадани и Јасмина Костеска Здравеска.

Рокот за поднесување на апликациите истече минатата недела, а конечната одлука ќе ја донесе Советот на јавни обвинители.

Во моментов функцијата вршител на должност ја извршува Наташа Крстевска Цалева, која беше назначена по суспензијата на долгогодишниот шеф Мустафа Хајрулахи.

Постапката за избор на нов шеф претходно не донесе резултат, откако на 40-тата седница ниту еден кандидат не обезбеди потребен број гласови. Сега Советот повторно треба да одлучува и да го избере новиот раководител на Вишото јавно обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons